Големата тајна на Чарлс и Дајана!

diana.jpeg

Мамењето на јавноста од страна на познатите личности не е ништо чудно, а посебно од угледните членови на кралското семејство. Дали забележувате нешто чудно на оваа фотографија?

Пред неколку дена на Твитер се појави многу старa поштенска марка на Велика Британија, од 1981 година,на која се Принцот Чарлс и Принцезата Дајана. Иако мотивот, членови на кралското семејство на поштенска марка не е невообичаена, сепак фотографијата на овој млад кралски пар е чудна, во најмала рака.

На прв поглед, сликата изгледа сосема нормално–прегрнат заљубен пар. Се гледа дека на сликата треба да се претстави кревкоста на принцезата Дајана, а “кралската” големина на принцот Чарлс. Како така?

Всушност и двајцата имаа иста висина, но на сликата Чарлс е најмалку една глава повисок од неговата подобра половина. Ова не е единствен доказ за ваква бесмислена измама, смешна и бескорисна – сметаат твитерџиите. Што е финтата, или станува збор за сексизам, или принцот Чарлс носи штикли? Поточно, и принцот Чарлс и принцезата Дајана имаа апсолутно иста висина – точно 178 сантиметри.

Колку Чарлс бил несигурен поради тоа,говорифактот дека Дајана за време на бракот секогаш носела балетанки. Дури по разводот можела без грижа на совест да ги носи омилените е штикли.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail