Големо откритие: Белите дробови не служат само за дишење

timthumb-2.jpg

Научниците открија дека белите дробови не служат само за дишење, а извештајот за нивната помалку позната улога е објавен во списанието „Нејчр“.

Експерти од Универзитетот во Калифорнија ги проучувале белите дробови и откриле дека тие произведуваат околу половина тромбоцити, крвни зрнца што се важни за згрутчувањето на крвта.

Долго време се претпоставуваше дека повеќето, ако не и сите тромбоцити се произведуваат во коскената срж, а само еден дел дека се произведува во белите дробови.

Сепак, научниците сфатија дека важноста на белите дробови во производството на тромбоцити е потценета и дури откриле дека тие се „резервоар на хематопотските матични клетки кои доаѓаат на помош кога залихите на тромбоцити во коскената срж се намалени“.

– Ова откритие ни дава многу софистициран увид во овој орган – белите дробови не служат само за дишење, туку учествуваат и во формирањето на клучните компоненти во крвта, изјави еден од авторите на трудот Марк Луни.

– Она што ние го забележавме кај глувците, најверојатно важи и кај луѓето.

Ако е точно, истражувачите сметаат дека ќе пронајдат подобар начин на лекување на болестите во крвта, но и зголемување на успешноста на трансплантацијата на белите дробови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail