Голта се што ќе најде на пат – Астрономи пронајдоа црна дупка која се шири со неверојатна брзина

crna-dupka.jpg

Австралиски астрономи откриле нова екстремно голема црна дупка која е најбрзо растечка во универзумот.

Црните дупки обично ги гледаме како најтемни онјекти во универзумот, кои голтаат сѐ, па дури и светлина, меѓутоа поради овој свој апетит оваа дупка е и неверојатно сјајна.

„Оваа дупка толку брзо расте то е илјада пати посјајна од целата галаксија, за што се заслужни сите гасови кои секој ден ќе ги проголта, а кои предизвикуваат треперење и топлина“, се наведува во соопштението на Кристијан Волф од Австралискиот национален универзитет.

Супермасивната црна дупка секој ден голта маса еквивалентна на нашето Сонце, а ако се наоѓа на средиштетот од галаксијата би уништила секаква можност за живот на Земјата, поради огромното зрачење кое го емитува.

Порценките се дека оваа црна дупка е 20 милијарди пати поголема од нашето Сонце, а но добрата вест е што се наоѓа 12 милијарди светлосни години од нас.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top