Google ќе лансира два паметни часовници на почетокот од 2017

android-wear.jpg

Паметните часовници не забележаа успех на пазарот како што се очекуваше и многу производители почнаа да се откажуваат од производството и развојот на нови производи. Сепак, Google и натаму гледа иднина во овие производи, барем според информациите за два паметни часовници кои тие треба да ги лансираат на почетокот на наредната година, дојдени од Џеф Ченг, продукт менаџер на Google.

Како и секогаш со Google производите овие часовници ќе бидат првите со новиот Android Wear 2.0 оперативен систем. Оваа надградба ќе донесе неколку важни промени, како апликации кои можат да работат без помош од смартфон и поддршка за Android Pay која се смета како многу важна во борбата со Apple Watch. Новата верзија ќе го поддржува и новиот Google Assistant кој е напредна верзија на Google Now.

Часовниците, иако очекувано, сепак нема да имаат Pixel брендинг, а ниту Google. Поточно, Google тука ќе биде задолжен само за софтверот, а друг ќе биде производителот на самите часовници, нешто слично како со Nexus линијата порано. Замислете ги како платформа за промоција на новата верзија на оперативниот систем. Часовниците ќе бидат од високата класа и очекувано е да имаат цена конкурентна на Apple Watch.

Покрај овие два часовници, подоцна во текот на годината скоро сите актуелните часовници со Android Wear ќе добијат надградба на верзијата 2.0, поточно: Moto 360 2 генерација, Moto 360 Sport, LG Watch Urbane 2nd Edition LTE, LG Watch Urbane, LG G Watch R, Polar M600, Casio Smart Outdoor Watch, Nixon Mission, Tag Heuer Connected, Fossil Q Wander, Fossil Q Marshal, Fossil Q Founder, Michael Kors Access Bradshaw , Michael Kors Access Dylan Smartwatch, Huawei Watch, Huawei Watch Ladies, Asus ZenWatch 2, Asus ZenWatch 3.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top