Google ќе ви ги брише фајловите ако не сте активни

Google-kje-vi-gi-brishe-fajlovite-ako-ne-ste-aktivni.jpg

Google ќе ви ги брише фајловите ако не сте активни

Google ги известува корисниците дека се воведува нова политика за бесплатното складирање на фајлови на сите нивни сервиси како што се Drive, Docs, Sheets, Slides, Jamboard, Gmail, Photos, Drawings, Forms, Sites, Keep и други.

Корисниците ќе мора активно да ги употребуваат нивните профили преку веб или преку мобилните апликации. Доколку во рок од две години воопшто не се логираат нивните податоци автоматски ќе бидат избришани, вклучувајќи слики, белешки, документи, фајлови и итн.

Ова политика нема да важи за тие кои се претплатници на различните сервиси на Google за бизниси, едукација или непрофитни организации. Новите правила стапуваа на сила од 1 јуни 2021 година.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail