poiuytrew-10.jpg

Google уште во август 2019 година претстави нови начини за давање упатства за движење, и тоа во зголемена реалност, под името Google Maps Live View.

Навигација во реално време

Функцијата на 8 август пристигна на уредите на Android и iOS, а за прв пат се појави на уредите Google Pixel на почетокот на 2019 година. Корисниците преку камера можат да ја видат навигацијата во реално време, и кога ќе го насочат телефонот во одредена насока и ќе ја внесат посакуваната локација, на екранот гледаат стрелки кои им покажуваат каде би требало да одат. До опциите можат да пристапат на Android телефони со ARCore поддршка и iPhone уреди кои имаат ARKit, и така да добијат можност во зголемена реалност да добијат упатства за движење.

Бидејќи опцијата не беше лесна да се најде на Google во последната бета фаза, започна со тестирање на дополнителната функција која би требало да ја зголеми видливоста. Имено, во најновата верзија се појави „floating action button“ (FAB), каде Live View просторот се појавува веднаш штом корисникот ќе започне со пребарување на локации. Со притискање на копчето се активира камерата, која потоа го прикажува растојанието и стрелките кои укажуваат на саканата дестинација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail