google932.png

Бизнисите и организациите сега ќе можат да регистрираат свои страници за да создадат нова кратенка што ќе работи со нивните страници.

„Microsoft“ и „Spotify“ веќе ја искористија оваа можност.

„Microsoft“ го регистрираше „word.new“ за да создаде нов документ во Word, додека „Spotify“ регистрираше линк „playlist.new“ што им овозможува на корисниците брзо да создадат нова листа за репродукција.

Новите домени се дизајнирани да го подобрат корисничкото искуство со тоа што ќе им овозможат да „скокаат“ директно во акција, наместо прво да ја посетуваат страницата, да се најавуваат и потоа да го бараат вистинското мени или функција за да создадат нов документ или да започнат нова активност.

Во моментов сме на почеток на „.new“ ден, но првичните реакции укажуваат дека компаниите се заинтересирани да им овозможат на своите клиенти полесен начин да ги користат нивните услуги.

Сепак, успехот главно ќе зависи од тоа колку корисните кратенки ќе им бидат од корист на луѓето.

Според „Google“, секоја компанија може да регистрира нов домен и сите се заштитени со врски на „HTTPS“

извор: слободеншечат

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail