Google се шири во Њујорк – инвестира повеќе од милијарда евра

dr_google_mpx.jpg

Технолошката компанија Google инвестира повеќе од милијарда евра за проширување на бизнисот во Њујорк. Рут Порат, потпретседател и финасиски директор на Google и на компанијата-мајка Alphabet, наведе на блогот дека Google прави центар со 158.000 квадратни метри покрај реката Хадсон во долен Менхетен.

Новата зграда Hudson Square ќе биде примарна локација за работата на компанијата во Њујорк. Google ја основапе првата канцеларија во Њујорк пред речиси 20 години и сега има повеќе до 7.000 работници во тој град. Компанијата се надева дека ќе се всели во новиот центар до 2020 година.

Планот на Google за проширување е најавен еден месец порано бидејќи од Amazon соопштија дека второт седиште ќе го направи на Лонг Ајленд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail