Гостување на Искра Шукарова во Амстердам

iskra.jpg

Искра Шукарова е поканета од страна на театарската академија SNDO – School for New Dance Development како дел од Academy for Theatre and Art да присуствува на претставите на младите автори како дел од програмата на академијата. Претставите ќе се одржат на 23 и 24 Ноември. Современите танцови дела што ќе бидат презентирани таа вечер ќе ги прикажат новите креативни тенденции на младите автори.

Шукарова во Амстердам е поканета од страна на уметничкиот директор на програмата Бојана Младеновиќ, која последните 4 години го води одделот за кореографија во SNDO-School for New Dance Development, за додипломски студии во кореографија при Универзитетот за уметности во Амстердам.

Шукарова ќе реализира и контакти со одделот за танцова педагогија со што ќе се отворат нови можности за понатамошна соработка со катедрата за балетска педагогија – современ танц при ФМУ каде Шукарова е професор седум години од основањето на оваа катедра.

Гостувањето на Шукарова во Холандија е поддржано од страна на Министерството за култура на Р. Македонија
Извор: Макфакс

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail