Говорот на телото: Кои гестови откриваат дека сте несигурни?

Govorot-na-teloto-Koi-gestovi-otkrivaat-deka-ste-nesigurni.jpg

Говорот на телото: Кои гестови откриваат дека сте несигурни?

Говорот на телото несвесно открива дали сте анксиозни поради нешто, без разлика колку добро го криете тоа. Откријте кои гестови покажуваат дека сте несигурни пред другите.

1. Рацете во џеб

Во некои култури држењето раце во џеб на јавно место се смета за непристојно. Но, ако тоа го гледаме од друга перспектива, многумина го толкуваат како резервирано држење, кое несвесно создава сомнеж дека нешто криете пред другите.

2. Постојано допирање на некој дел од телото

Луѓето понекогаш несвесно допираат некој дел од телото, без особена причина за тоа. Допирот им помага да се опуштат во стресни ситуации, но тоа на другите им покажува дека чувствуваат несигурност.

3. Лажна насмевка

Насмевката може да ја сокрие вашата нервоза, но луѓето разликуваат искрена од наместена насмевка. Иако многумина се обидуваат да одглумат добро расположение со пренагласена насмевка, сепак постигнуваат спротивен ефект.

4. Тропкање со ногата

Луѓето внимателно ќе слушаат што имате да им кажете и нема да се посомневаат дека чувствувате анксиозност, но ако случајно забележат дека ја тресете ногата под масата или почнете да тропкате, нивната перцепција ќе се промени во истиот момент. Помалку ќе обрнуваат внимание на вашите зборови, а повеќе ќе размислуваат за вашата психичка состојба во тој момент.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail