tulsa-oklahoma.jpg

радот Тулса во американската држава Оклахома, им нуди 10.000 долари на оние кои сакаат да одат да работат во овој град, на период од една година. За да може да размислувате за оваа финансиска надомест, мора да бидете постари од 18 години, да имате работа (која може да ја извршувате од било кој дел на светот, поврзана со интернет), да бидете подготвени да се преселите кај нив во наредните шест месеци и да ви биде дозволена работа во САД.

И тоа не е се.

Избраните кандидати ќе можат да се преселат во новоуредените станови Tulsa Arts Districtate и да плаќаат само 33 отсто од реалната цена на наемнина. Режиските трошоци се бесплатни првите три месеци. За потребите на работата ќе добиете бесплатно членство во компанијата 36 Degrees Northu, која ви го обезбедува местото за извршување на работата, конференциски сали, безжичен интернет и други можности.

Главната цел на програмата е да привлече креативни и технолошки поткована работна сила во Тулса, која сака да го заживее претприемничкиот дух.

Избраните кандидати веднаш ќе добијат 2.500 долари како трошоци за преселба, а месечно на сметка ќе им легнуваат по 500 долари, а по истекот на годината ќе им бидат исплатени останатите 1.500 долари.

Имате ли шанса да ја освоите оваа можност, проверете на страницата на програмата Tulsa Remote.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail