Градоначалникот Георгиевски врачи 2 гранта на студенти иноватори

gradonacalnik.jpg

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, врачи два гранта за поттикнување на студентската иновативност.

,,Општина Гази Баба за прв пат стартуваше со поттикнување и развивање на иновативноста кај студентите. За таа намена, почнавме со доделување на грантови, во висина од по 100.000 денари. Целта е студентите рационално да го искористат своето време додека студираат и професионално да се развиваат кон она што сакаат да работат токму преку овие проекти. Реализацијата на ваквите проекти во иднина значително ќе придонесат за развојот на општината“-рече градоначалникот.

На јавниот конкурс кој што беше објавен на 12-ти април, а кој траеше до 04-ти јуни, се пријавија 3 факултети кои се наоѓаат на територија на Гази Баба и тоа, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев, Факултетот за земјоделски науки и храна како и Шумарскиот факултет.

Грантови добија два проекти и тоа “Иновативен модуларен уред за контрола на наводнување ” на група студенти од Земјоделскиот факултет и проектот “Зелена лична карта на Дендро паркот ” од Шумарскиот факултет.

Иноваторите, средствата ќе ги добијат во два дела. 50% пред имплементацијата на проектот а остатокот, откако ќе биде завршен. Крајниот рок за нивната реализација ќе биде до 30 октомври, оваа година.

Гази Баба и понатаму ќе продолжи со поддршка на проекти од сите области. Веќе 3 старт ап фирми ја уживаат нашата потпора, велат од општината.

Со ова сакаме да ги мотивираме младите во осмислување и реализација на нивните идеи, за решавање на невработеноста и отворање на сопствени компании, како и проекти кои што нудат семејно земјделско стопанство, истакна во своето обраќање градоначалникот Борис Геоегиевски, пред младите иноватори.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail