YkoSkzqtlx-gradot-do-koj-ne-vodat-patista-bogatstvo-studenilo-i-temnina-na-ruskiot-norilsk.jpeg

Норилск е еден од најстудените, најзагадени и најдепресивни градови во Русија, а таму живеат околу 175 илјади луѓе. Малку градови има со толку мрачни и ладни зими како што е тоа случај со рускиот град Норилск, каде што жителите нема да видат сонце до средината на јануари.

Еден од најстудените градови на светот, а неговите жители во текот на зимата се борат против студенилото кое може да биде и 55 степени под нулата.

Ладниот период трае 280 денови во годината, а силните невремиња ова гратче го погодуваат околу 130 денови во просек. До него не водат патиштата туку таму може да се стигне само со авион, брод или чамец.

 

За среќа слетувањето во Норилск не е толку опасно како што делува. Во времето на Сталин до градот постоел пат познат како “патот на смртта“.

Додека траат невремињата автобусите често се расипуваат, но резервните возила се подготвени секогаш за граѓаните да можат да бидат евакуирани навреме, без страв дека ќе смрзнат на патот. Осум до девет месеци во годината градот е покриен со снег, а “синдромот на поларна ноќ“, односно мракот кој трае два месеци е честа причина за анксизозност, нервоза, несоница и депресија.

Нориљск е сместен над Арктичкиот круг и е дом на најголемата топилница на железо која што испушта толку многу загаден материјал во воздухот во круг од 30 километри. Градот лежи на едно од најголмите пронаоѓалишта на никел, платина и паладиум поради што е и еден од најбогатите градови во Русија.

Некогаш таму работеле затворениците од Гулага, а денес вработените се многу платени за таа работа.

Без оглед на загаденоста, студенилото и депресијата кои се прилично чести, Норилск има голем театар, многубројни кафулиња и многубројни места во кои жителите бараат “засолниште“ од мракот и зимата. Кога температурите се повисоки секоја прилика тие ја користат за да излезат од дома, а крајот на вечниот мрак кој настапува во јануаро го слават со капење во езерото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail