Градот ќе дава 3.000 денари субвенции за велосипед

velosiped.jpg

Скопјани и годинава ќе добијат субвенции за набавка на велосипеди. Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлука за определување максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓаните за купување велосипеди за 2018 година.

Со оваа одлука е предвидено максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице да биде 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.

Новитет во јавниот повик за набавка на велосипеди за 2018 година е тоа што оваа година Градот Скопје ќе субвенционира набавка на рачни велосипеди (велосипед на рачен погон), како и рачни велосипеди со електрични помагала за лица со посебни потреби. Градот ќе субвенционира 50 отсто од вредноста на рачниот велосипед и рачниот велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби, но не повеќе од 90.000 денари по лице.

Градот Скопје за субвенции ќе издвои 10 милиони денари од кои 9 милиони денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на велосипеди, а 1 милион денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на рачни велосипеди или рачни велосипеди со електрично помагало за лица со посебни потреби.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top