Градот Осло забранува автомобили во центарот на градот

elektricni-velosipedi-Oslo.jpg

Главниот град на Норвешка, Осло забранува автомобили во центарот на градот. Паркинзите ги претвара во паркови со цвеќиња и гради 60 километри бициклистички патеки за да го ослободи центарот без автомобили до 2019.

Намерата е да се намали загадувањето во Осло и превентивно да се справи со зголемување на бројот на жителите кој се очекува да достигне до 1 милион до 2040. Градот е загрижен дека поголемиот број граѓани ќе значи поголема емисија на јаглерод.

До 1990 загадувањето од сообраќајот е зголемено за 28 отсто во цела Норвешка, иако емисијата е намалена за 3 отсто меѓу 2015 и 2016.

Но, некои жители се незадоволни од одлуката да се протераат автомобилите од центарот на градот затоа што паркирањето околу Осло е многу скапо.

Зоната без автомобили покрива 1,3 квадратни километри од центарот на градот.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail