Градови со најчист воздух во светот: Најздравите луѓе живеат овде

123-2.jpg

Додека во последниот период кај нас постојано се зборува за големото загадување на воздухот, во некои делови на светот воздухот е толку чист што се смета за вистински мелем за белите дробови и за целокупното здравје. Еве во кои градови жителите дишат најчист воздух.

Хонолулу, Хаваи

Островот Хаваи, а особено градот Хонолулу, се смета за едно од подрачјата со најчист воздух во САД, но и во целиот свет. Експертите веруваат дека тоа се должи на ветровите што дуваат и ги носат сите штетни честички кон морето. Дали чистиот воздух е причината зошто Хаваи се наоѓа на списокот на држави со најмалку срцеви удари годишно? Можеби…

Цирих, Швајцарија

Уште еден многу чист град кој воведе строги мерки за управување со отпадот. Жителите најчесто се одлучуваат за возење велосипед, а што се однесува до транспортот, тие користат и возови, автобуси и метро. Малкумина избираат да возат автомобил, а тоа придонесува Цирих да биде еден од градовите со најчист воздух.

Аделаида, Австралија

Овој град повеќепати е прогласен за еден од најчистите градови во светот, но и високо е рангиран на списокот на најдобрите места за живеење.

Калгари, Канада

Своето место на списокот на најчисти градови го заслужи најверојатно поради пристапот кон отстранувањето и управувањето со отпадот. Кампањата „Премногу добро за да биде отпад“ значително го намали количеството ѓубре што завршува на полињата. Распределувањето на органската храна и рециклирањето на различните материјали драстично го намалија загадувањето во Калгари.

Хелсинки, Финска

Овој град е една од најчистите престолнини во светот. Една од главните причини за тоа е што граѓаните за транспорт најчесто избираат велосипед. Верувале или не, Хелсинки има повеќе од 3.800 километри велосипедски патеки.

Рејкјавик, Исланд

Рејкјавик е еден од петте најчисти градови во светот. Градот е целосно посветен на користење на алтернативните извори на енергија – околу 90 проценти од градот се затоплува и се снабдува со струја преку геотермална енергија.

Хамбург, Германија

Овој град е светски лидер во концептот „зелена енергија“. Хамбург е добар пример за тоа како може да функционира оваа стратегија – целта е да се намали емисијата на штетните гасови за 40 % до 2020 година и за 80 % до 2050 година.

Велингтон, Нов Зеланд

Релативно ниската стапка на популација и специфичната географска положба го прават главниот град на Нов Зеланд полн со свеж и чист воздух, а граѓаните дополнително придонесуваат за чистотата на целиот град.

извор: Кафепауза

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail