neptun.jpg

НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.

Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите.

Поради пополнување на позиција во тимот за маркетинг и управување со производи, во потрага сме по креативен, посветен и инвентивен

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • Соодветно образование
  • Познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Premiere, Adobe After Effects
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Солидно познавање на MS office пакет
  • Како предност ќе се земе искуство со изработка на landing страни

Одговорности и работни задачи:

  • Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали, летоци и останати маркетинг и промотивни материјали
  • Дизајн и продукција на ТВ реклама за потребите на компанијата
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на компанијата
  • Создавање креативен визуелен приказ на дизајнот (story board)
  • Обезбедување фотографии со висока резолуција, информации и материјали и нивно прилагодување за дизајн
  • Подготовка и проследување на податоци до соодветната печатница и проверка на квалитетот на печатењето
  • Комуникација со локалните добавувачи околу техничкиот дел од процесите
  • Развивање креативни решенија за брендирање на продавниците во малопродажната мрежа

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работно време: 08:00-16:00

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [email protected], со назнака:  “Оглас за Графички дизајнер”

Огласот е активен до 05.06.2019 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање – CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail