Граѓаните се организираат за помош на штрковите

shtrkovi-640x360.jpg

Граѓаните на социјалните мрежи се организирираат и објавуваат апел за помош на штрковите кои долетаа во земјава, но поради снегот немаат храна.

„Апел! Имаме информација од жители на Драчево, Зелениково, Ржаничино, Петровец и други места дека има пристигнато штркови на кои им е неопходна наша помош во обезбедување на храна. Се молат сите луѓе кои се во нивна близина, доброволци, активисти да помогнат за спас на овие прекрасни птици кои по долг и тежок пат се вратија во нивните гнезда, а времето си поигра со нив“, апелираат граѓаните.

Акции за помош на штрковите се организираат и во соседна Бугарија. Таму луѓето штрковите ги внесуваат во домовите за да ги заштитат од студот и да им дадат храна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top