Грав: Храна, лек и еликсир на младоста

grav5-1.jpg

Гравот е богат со протеини, јаглехидрати, витамини, минерали, влакна и омега 3 масни киселини. Освен тоа долго ве држи сити поради што се препорачува во ладните зимски денови. Иако се користи во секојдневната исхрана гравот е добар и при лековити цели, но и за разубавување.

Против чешање

Во три литра вода згответе 1кгр бел грав и една рака рузмарин. Кога ќе се зготви убаво процедете го, па со водата со кој се сварил измијте ги болните делови на кожата. Повторувајте ја постапката се додека чешањето на кожата не престане.

Спречете ја главоболката

Ставете 50гр грав во тенџере, додајте неколку чешчиња лук, прелијте со вода и гответе додека гравот не се свари. Потоа згмечете го гравот и измешајте го со малку маслиново масло и сок од лимон. Со добиената каша масирајте ја слепоочницата додека главоболката не престане.

Природен лифтинг

Една шолја грав нека отстои неколку часа во вода, а потоа згответе ја додека гравот не омекне. Испасирајте го, исфрлете ги лушпите па со добиеното пире измешајте со сок од половина лимон и една лажица маслиново масло. Намачкајте ја смесата на лицето, нека постои 20 минути и измијте се со млака вода.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail