c0Unf-1-815x458.jpg

Кога станува збор за фотографирање туристите воопшто не ги жалат своите пари. Магичните предели на Санторини го прават овој остров единствен на светот, па не е ни чудно што туристите од целиот свет сакаат да го посетат.

Сонот на илјадници туристи од целиот свет е да имаат совршена фотографија направена баш на островот Санторини.

Тоа многу добро го знаат и Грците, па од фотографирањето направиле занесен бизнис.

Да, можете вие и сами со телефон да се фотографирате, но доколку сакате професионална фотографија тогаш буквално “на секој ќош“ може да најдете фотограф на кој може да му платите за тоа.

Професионалните фотографи најчесто ги изнајмуваат Американците, а според каталогот 4 часа фотографски услуги чинат 800 евра (без ДДВ), а за тие пари добивате вкупно 160 фотографии од четири најатрактивни локации кои го даваат најубавиот поглед на Санторини.

Половина од тоа време за фотографирање изнесува 450 евра, но туристите може да изберат само две локации за фотографирање.

Најевтианта услуга од фотографот чини 140 евра, а за тие пари ќе добиете 20 професионални фотографии од една локација затоа што тогаш “фотографот ќе издвои само половина час за вас“.

Фотографите по пат на договарање на електронска пошта ќе ве известат дали може да платите со кредитна картичка поради што износот на сумата се зголемува за 24 отсто, со што најверојатно ќе посакате да платите во готово.

Извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail