grcijaa.jpeg

На повеќе места во Грција се бараат сезонски работници, а платите се од 800 до 1.000 евра, објави „Фактор“.

За таа цел посредници регрутираат работници и од Македонија.

Се бараат келнери, собарки, помошнички за во кујна, а се работи секој ден по 8 до 10 часа. Работници се бараат за Крит, Лезбос, Карпатос, Лефкада, Санторини и други места кај јужниот сосед.

„Напорно е, но кога ќе заврши работното време, луѓето имаат време да се опуштат на плажа. Голем интерес има за работа кај Македонците, Бугарите, Србите, Албанците. Се бараат луѓе за цела сезона која трае 6 месеци. Ако работите како келнерка нормално дека бараат одличен англиски јазик, но ако сте во кујна, тогаш доволно е да се разберете“, вели посредник од Битола за „Фактор“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail