Грижа за посреќно утре: Ланком ја почна својата прва глобална програма за одржлив развој

Griza-za-posrekjno-utre-Lankom-ja-pochna-svojata-prva-globalna-programa-za-odrzliv-razvoj.jpg

Грижа за посреќно утре: Ланком ја почна својата прва глобална програма за одржлив развој

Брендот „Ланком“ ја почнува својата прва програма за одржливост во светски рамки, наречена „Грижа за посреќно утре“, која ги нагласува биодиверзитетот и социјалната вклученост.

Иницијативата на модниот бренд, инаку сопственост на францускиот „Л’Ореал“ (L’Oréal), се заснова на три идеи – да се заштити биолошката разноликост, што вклучува и употреба на нови земјоделски практики и еколошки формули и амбалажи, потоа – да им се помогне на луѓето со одржлива потрошувачка и поголема вклученост на жените во индустријата.

– „Ланком“ е бренд кој одамна има грижлив аспект близок до жените и нивните интереси, рече Франсоа Леман, претседателка на компанијата за „Воманс вер дејли“ (Women’s Wear Daily).

Целта на програмата за одржливост е до 2030 година, 100 отсто од суровините што се користат за производство на производите на брендот да бидат еколошки и употребливи на општествено одговорен начин.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail