Група млади Шпанци без искуство во винарството имале намера да развијат свое вино , ни помалку ни повеќе , произвеле вино со сина боја. По две години истражувања во соработка со „University of the Basque Country“ и одделот за истражување на храна, го добиле завршниот производ, виното „Гик“, комбинација од традиционалните рецептури и хемиски процеси.
Зрна од црно и бело грозје од северо-западот на Шпанија се користат како база за синото вино „Гик“. Потоа мешавината минува низ процес на апигментација која на течноста и дава вибрантно сина боја. Вкусот на винот се омекнува со додавање на засладувач пред да се затвори шишето.
Што точно инспирирало некој да прозиведе вино со интензивна сина боја? За креаторите на „Гик“, сината боја претставува „ движење, флуидност, промена и вечност“. Оваа компанија има цел ова вино да им го пласира на младите потрошувачи кршејќи ги традиционалните правила за производство на вино.
Се препорачува да се консумира со било каква храна и во било кое време од денот, и да се консумира разладено.