Групација Дизни: Во април се очекува отворање на Дизниленд

Grupacija-Dizni-Vo-april-se-ochekuva-otvoranje-na-Diznilend.jpg

Групација Дизни: Во април се очекува отворање на Дизниленд

Генералниот директор на групацијата „Дизни“, Боб Чапек очекува најголемиот забавен парк во светот – Дизниленд да биде отворен до крајот на април, благодарение на одлуката на властите во Калифорнија да ги олабават епидемиолошките мерки по падот на бројот на заразени лица со коронавирусот.

– Се надеваме дека состојбата ќе продолжи да се подобрува и дека ќе може да ги отвориме нашите паркови за посетителите до крајот на април, со ограничен капацитет. Датумот на отворање на Дизниленд ќе биде објавен следната недела, вели Чапек.

Калифорнија во петокот објави дека Дизниленд и другите забавни паркови, затворени поради пандемијата речиси една година, може да се отворат на 1 април, доколку нивниот округ веќе не е во „темно-црвената зона“ – подрачје со најголема опасност според калифорниските стандарди.

Округот Оринџ, каде  што се наоѓа Дизниленд, се уште е во „темно-црвената зона“, но за неколку недели може да спадне на пониското, црвено ниво.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail