Групна изложба во Скопје: Вечерва „Скршено“ во Музејот на современа уметност

Grupna-izlozba-vo-Skopje-Vecherva-Skrsheno-vo-Muzejot-na-sovremena-umetnost.jpg

Групна изложба во Скопје: Вечерва „Скршено“ во Музејот на современа уметност

Во Музејот на современа уметност, вечерва со почеток од 20:30 часот ќе биде отворено групната изложба „Скршено“, со која официјално ќе биде отворен осмиот по ред Викенд на гордоста Скопје 2020.

Групната изложба вклучува дела од Феликс-Гонзалез Торес, Полин Бодри и Ренате Лоренц, Карин Мичалски, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, и Хермес Питакос и Федерика Даури, а куратор на изложбата е Славчо Димитров.

– Во услови на сѐ поголемата закана од неолиберализмот, како и националистичките, хетеронормативни и маскулинистички идеали на единство, чистота, целовитост, едноликост, успех, сопственост и совршенство, нашата цел со „Скршено“ е да понудиме критичка перспектива втемелена во претставата дека сме скршени на фундаментален и специфичен начин, и дека токму таа скршеност нуди можност за алтернативни политички хоризонти, велат од Коалицијата Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Делото на Феликс Гонзалез-Торес е поставено како концептуална позадина на изложбата со цел да се оддаде признание на огромната важност и влијанието што неговите дела ја имаат врз современите уметности и квир историјата, но исто така и затоа што го воведува концептот за скршеноста како еден од основните проблеми и оски на естетското и политичко креирање и критика.

Феликс Гонзалез-Торес е уметник чиешто дело ја испиша и измести светската историја на уметноста во 80-тите и 90-ти години, а којшто за првпат го изложуваме со негово дело во рамки на Балканот.

Уметници кои ја сочинуваат плотта на изложбата го обработуваат концептот на ранливост, изложеност, назадни чувства, неизвесност, скршеност и суров оптимизам на комплексни и разновидни начини, и согласно сопствените естетски и уметнички стратегии, и отвораат копнежливи хоризонти и нови сознанија на искусување, интерпретација и отелотворување на субјективноста, светот, природата, екологијата, сексуалноста, моќта, насилството и слободата, токму преку искуството на скршеноста, отаде истоштувачките приврзаности и суровиот оптимизам.

Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чија цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни. Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што се оддава почит на делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011), како и да се истражат и проблематизираат современите општествени, културни и политички состојби преку овој концепт како критичка алатка.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail