Гугл ќе се напојува со 100 проценти обновлива енергија од 2017 година

3343-702x336.jpg

Дата центрите и канцелариите на интернет гигантот Гугл во кои работат околу 60 илјади вработени ќе се напојуваат исклучиво со обновлива енергија од наредната година.

Гугл веќе е најголемиот светски купувач на обновлива струја. Минатата година набавил 44 проценти од струјата која ја искористи од соларни и ветерни фарми. Сега тој процент го зголемуваат на 100, а извршен директор на компанијата вели дека не ги отфрлаат можностите да инвестираат во нуклеарна сила во иднина.

„Уверени сме дека ова е добро за бизнисот, не само за екологијата. Се работи за подобри цени за нас на долг рок“, вели Марк Оман од Гугл. „Нашите основачи се убедени дека климатските промени се вистинска и итна закана, затоа мора да го извршиме нашиот дел од битката“.

Технолошките компании во изминатиот период беа доста критикувани за влијанието на загадувањето. Поради огромниот раст сега се должни за дури два проценти од глобалната емисија на стакленички гасови, „конкурирајќи“ ѝ на авиоиндустријата.

Еман вели дека на Гугл му биле потребни пет години да ја стигне целта поставена во 2012 година, бидејќи било комплицирано да се преговара за набавување на ваквата енергија.

„Сложено е, не е за секого. Помалите компании ќе се измачуваат со документите. Купуваме струја од повеќе различни јурисдикции па не може едноставно да се копираат договорите“, додава Оман.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail