“Гугл” претстави нов квантен процесор

quantumcomputing-800x477.jpg

Квантните компјутери се нов чекор напред кон напредната технологија, а кон крајот на годинава тие ќе станат сосема вообичаени работи на полиците на продавниците и во нашите домови, а како главен виновник за тоа можеби ќе биде запаметен “Гугл” кој го претстави исклучително моќниот процесор Bristlecone.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Квантните компјутери денс би можеле да решат речиси непресметливи сложени проблеми, влучувајќи комплексни симулации, како финансиски анализи од големи размери и поефективен развој на лекови.

‘Интел” се занимава со истражување на квантни компјутери бидејќи нудат потенцијал за зголемување на можностите на идните компјутери со високи перформанси. Всушност тоа го сака и “Гугл” бидејќи проблемите се решаваат во реално време, без разлика колку се комплексни.

“Целта е да се направат што е можно помалку грешки, а тоа може да се постигне само со вистински квантни процесори, а со нив може да се дојде до ситуација во која квантните компјутери ќе ги заменат традиционалните компјутери во домовите”, велат од Гугл, кој веќе направи демо 9-кјубит на квантен компјутер, а во моментов тестира еден од 72 кјубити.

Сегашните компјутери ги зачувуваат информациите како бинарни битови (0 или 1). Системот функционира добро, но има одредена количина на податоци што може да се процесираат.

Квантните компјутери работат на квантни битови, или „кјубитови“, како што се наречени. Тоа се мали честички кои се магнетски суспендирани во екстремно ладна средина – неколку делови од степенот над апсолутната нула. Доколку овие честички се одржуваат во состојба на суперпозиција, тие истовремено би можеле да ја преземат улогата и на 0 и на 1 во бинарниот код, што на компјутерите им овозможува досега невидена процесорска моќ.

Кај класичните компјутери, податоците може да се шифрираат во “горниот” или “долниот” правец, а квантните компјутери можат да го направат тоа во сите правци, што значително ги забрзува процесите. Постигнат е голем чекор по ова прашање, и откако сите тестови ќе се направат успешно, ќе можеме да зборуваме за вистински квантни компјутери и да размислиме за масовно производство.

На крајот треба да знаеме дека квантните компјутери се различни од класичните бидејќи традиционалните се засновани на транзистори, иако се базираат на квантно-механички ефекти.

“Со квантен компјутер од 9 кјубити, степенот на грешки го сведовме на еден процент и веруваме дека Bristlecone ќе оди во насока на тие перформанси, бидејќи ако е така, тоа ќе биде основа за поширок спектар на квантни компјутери”, додаваат од “Гугл”.

Извор: Enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top