Гулабите – најинтелигентни птици на планетата

img4195.jpg

Првите докази што зборуваат за соживот меѓу гулабите и луѓето потекнуваат од Месопотамија (денешен Ирак) пред повеќе од 5.000 години. Сумераните први почнале да одгледуваат бели гулаби, но денес ги има по градовите во најразлични бои.

Оние гулаби што денес ги среќаваме по плоштадите и во парковите потекнуваат од пештерските гулаби, а зборот гулаб води потекло од латинскиот збор „пипио“ што во превод значи млада птица. Најчести називи за денешните гулаби се „домашни гулаби“, а се зборува за нивната улога како воени херои, домашни миленичиња, но и украси на градските плоштади.

Се сметаат за едни од најинтелигентните птици на планетата. Спаѓаат меѓу шесте врсти на птици што себе можат да се препознаат во огледало. Неверојатно, но вистинито, гулабите можат со разбирање да разликуваат 26 латинични букви и да ги поврзат во една целина.

Научно е докажано дека гулабите можат да разликуваат луѓе на фотографии, но тоа не е ни толку чудно, бидејќи во изминатите децении токму луѓето им довериле на разнесување толку многу важни воени, финансиски и други информации.

Верувале или не, гулабите се важен фактор во развивањето на светските берзи. Француската династија Ротшилд имала своја мрежа на гулаби преку која разнесувала многу важни финансиски извештаи до институциите во тоа време. Ова се покажало поделотворно од кој било друг комуникациски канал, па Ротшилд биле секогаш чекор понапред од сите останати и на тој начин го стекнале богатството што се надградува и ден денес.

Да биде целата приказна за гулабите уште повосхитувачка, на плоштад Македонија неодамна слетаа два пара магента гулаби. Скопјанинезнаатдали се работи за диви гулаби или за хибриди, но секако оваа глетка предизвикува воодушевување и ведрина кај минувачите. Овие гулаби, како и многу други реквизити и објекти во градот овозможуваат прегледување на нови, ексклузивни содржини за виртуелниот бенд Gorillaz само преку Lenz апликација која може да се симне бесплатно на Google play и App Store.

Апликацијата ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржините на Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Coll тарифата за младиво Smart постпејд и во Magenta 1.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail