Хајперлуп ќе ги спои Амстердам и Париз до 2021 година

Овогодишните победници на SpaceX Hyperloop натпреварувањето доаѓаат од Холандија, овој стартап тим веќе постави полигон за тестирање. Целта е да се има хајперлуп систем помеѓу Амстердам и Париз до 2021ва година.

Изгледа дека Холандија, набрзо ќе им се придружи на Словачка и Чешка како следна европска земја со хајперлуп.

Холандскиот тим од Универзитетот за технологија во Делфт, победи на овогодинешниот натпревар за развој на супербрза транспортна технологија, а нивната идеја ќе ја материјализира Hardt Global Mobility, во соработка со TU Delft, националните железници на Холандија и БАМ градежната компанија. Првиот чекор бил изградба на 30 метарската цевка.

“Тука ќе ги тестираме сите системи кои не бараат големи брзини”, вели Tim Houter.

Првиот круг на тестирање веќе собра 675.000 долари. За тестирањето при високи брзини во 2019та година, ќе биде потребно да се соберат додатни средства.

Hyperloop транспортниот систем, за прв пат го предложи основачот на СпејсЕкс Елон Маск во 2013та, а станува збор за некој вид на контејнери кои би патувале низ цевки, или можеби тунели, со брзина од 1.126 км/ч.

Освен споменатите европски локации, останатите вакви проекти се одвиваат во Канада, Лос Анџелес и Дубаи.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail