Хемотерапијата може да доведе до ширење на клетките на ракот

hemoterapija.jpg

Иако хемотерапијата веќе долго време се користи за убивање на клетките на ракот и запирење на неговото ширење, една нова студија го сугерира спротивното.

Имено, истражувачите од САД, проучувјќи го дејството на хемотераписките лекови на пациенти со рак на дојка, откриле дека тие ги зголемуваат шансите клетките на ракот да мигрираат во други органи, кадешто речиси секогаш се смртонсни.

На многу пациенти им се дава хемотерапија пред операција, меѓутоа, новото истржување сугерира дека, иако на краток рок туморот се намалува, тоа може да предизвика ширење на кацерските клетки во телото.

Се смета дека овие токсични лекови го менуваат репараторниот систем на телото и накрај им овозможуваат на туморите повторно да се јават уште повеќе. Исто така, тие го зголемуваат бројот на „влезовите“ на крвните садови што има овозможува на канцерските клетки да се шират низ телото.

Лидерот на истражувањето, доктор Џорџ Карагианис од Медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштајн“ од Универзитетот Јешива во Њујорк, открил дека бројот на „влезовите“ се зголемил кај 20 пациентки кои примиле два стандардни хемотераписки лекови.

Истражувањето спроведено на глувци покажало, исто така дека хемотерапијата за рак на дојка го зголемува бројот на канцерски клетки што циркулираат во телото и во белите дробови.

Доктор Карагианис вели дека жените во текот на хемотерапијата би требало да се следат за да се провери дали канцерските клетки почнале да циркулираат и дали почнале да се појавуваат „влезовите“.

„Еден од начините би бил да се земе мал примерок од туморско ткиво после неколку дози од предопертивната хемотерапија. Ако се забележи дека маркерите се зголемуваат препорачуваме хемотерапијата да се прекине и прво да се направи операција, по што ќе следи постоперативна хемотерапија“– вели тој.

„Во оваа студија го истражувавме само ширењето на канцерските клетки предизвикано од хемотерапијата за рак на дојка.Сега работиме и на други видови на рак, да видиме дали се јавуваат слични ефекти“, додава др.Карагианис.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail