Херој: Еден „Анонимус” сам срушил една петина од педофилските сајтови

anonimussssss.png

„Пронајдов неколку сајтови со детска порнографија. Затоа одлучив да ја пронајдам нивната слабост и да ги хакирам“, открил хакерот, член на групата “Anonymous”.

Над 10 илјади веб страници на “Dark Web” или таканаречениот „мрачен“ интернет се соборени откако само еден хакер, член на групата “Anonymous” го нападнал провајдерот кој ги хостирал сајтовите за малолетничка порнографија.

Посетителите на сајтовите хостирани од “Freedom Hosting II” пронашле порака од хакерот на 3-ти февруари во која тој го објаснува нападот. Според независната истражувачка Сара Џејми Луис, овој веб хост кој држи околу петина од мрачниот интернет, е познат по тоа што овозможува непречена комуникација кога станува збор за илегални активности како што е продажбата на дрога и оружје, нарачување на убиства, проституција и детска порнографија.

„Пронајдов неолку сајтови со детска порнографија. Затоа одлучив да ја пронајдам нивната слабост и да ги хакирам“, изјавил хакерот и додал: „Не го планирав овој напад, само имав добра идеја и ја искористив шансата кога видов што хостираат“.

„Постојат неколку големи заедници собрани околу детската порнографија на мрачниот интернет. Меѓутоа, процентот на сајтовите кои хостираат детска порнографија е мал и многу сервиси се дистанцираат од тоа, не можат да го контролираат сообраќајот или едноставно не им дозволуваат на корисниците да го вчитуваат својата содржина“, објаснил хакерот.

Овој хакер успеал да собори 10,614 веб сајтови, меѓу кои што околу 50% содржеле детска порнографија. Во пораката се наоѓала и „визит картата“ на “Anonymous” која гласи: „Не простуваме. Не забораваме. Требало да нè очекувате“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail