Холандија очајно бара работници

holandija.jpg

Холандските власти соопштија дека им требаат работници за ИТ секторот, градежништвото и здравството. Недостигот на квалификуван кадар е закана за економскиот раст на оваа земја.

Бројот на работни места во секторите здравство и градежништво за две години двојно се зголемени. Бидејќи многу работници се пред пензија, се бараат столари, ѕидари, техничари.

Во здравствениот сектор најпотребни се квалификувани медицински сестри. Раст на работни места има во сите сектори во Холандија, освен во финансии и во државниот сектор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail