Холандската криминалистичка драма „Чисти раце“ ќе се прикажува во „Синеплекс“

mkd-305590.jpg

Холандскиот филм „Чисти раце“ во режија на Тјебо Пенинг од 2 февруари, во 19.50 часот, ќе се прикажува на репертоарот на „Синеплекс“. Станува збор за возбудлива криминалистичка драма според бестселерот на еден од најпознатите холандски трилер-автори во последните 25 години, Рене Апел.

Во главните улоги се актерите Јурон фон Конинсбруге и Текла Ројтен, за кои холандската критики имаше само пофални зборови. Ова е трет филм на Тјебо Пенинг. Филмот трае 104 минути. Дистрибутер за Македонија е „КТ Филм и Медиа“ од Битола.

Според содржината на филмот, Силвија предолго се правела дека не го забележува нарко-бизнисот на својот сопруг Еди. Кога работите тргнуваат во лоша насока, Силвија се обидува да ги заштити своите мали деца и да избега од криминалната средина. Но, тоа не е баш толку лесно. Еди ќе направи сѐ за да ја задржи сопругата.

Холандските медиуми за филмот „Чисти раце“ имаат пофални зборови, а меѓу другите, „Trouw“ пишува: „Одлично портретирање на криминалците во Амстердам. Напнат дијалог и одлична актерска екипа, одлично изведено под палката на Пенинг. Фон Конинсбруге е одличен избор за Ројтен. Фантастично, начинот на кој Пенинг го создава овој свет од ситни крадци без да се потпира на клишеа.“

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail