sudbina.jpg

„Македоника“ од Скопје го објави романот „Судбина“ од холандскиот писател Луис Мари-Ан Коуперус (1863-1923), клучен претставник на симболизмот.

– „Судбина“ (1890) е роман за пријателството, но и за фатализмот. Приказната се однесува на двајцата пријатели – Франк Вестхофе и Роберт ван Маерен. Кога една зимска ноќ Ван Маерен се наоѓа во Лондон и скита по улиците без скршена пара во џебот, неговиот стар пријател Франк великодушно му ја отвора вратата на својот дом и штедро дели сѐ со него… По објавувањето, „бруталноста и морбидноста“ на романот предизвикуваат контроверзи и незадоволство, пред сѐ кај религиозниот печат во Холандија. Сепак, меѓу импресионираните од овој роман бил и Оскар Вајлд, што резултирало со спријателување на двајцата писатели, соопшти издавачот за новата книга која од англиски  на македонски ја преведе Дарко Цветаноски.

Денес „Судбина“ се смета за едно од најзначајните класични дела на холандската литература. Во 1923 година авторот Коуперус ја добил престижната награда „Толенс“, која се доделувала на секои пет години за опус со највисока книжевна вредност. Во своето време бил водечки холандски романописец и единствениот чиишто дела уште тогаш биле преведени на англиски, француски и на германски јазик.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail