11846_230418095439393_820x600.jpg

Доколку имате во план да направите некои животни промени и да почнете да водите повеќе грижа за своето здравје, почнувајќи од слабеење, градење на мускулна маса или воопшто градење на здрав животен стил, тоа што се препорачува да го направите е да внесете свежина и промена на двете полиња подеднакво. Имено, се работи за здрава исхрана (или да следите некоја диета) напоредно со редовните фитнес сесии.

Со потпирањето само на диета без никаква промена или напредок во вежбањето не очекувајте дека нешто ќе се промени и ќе донесе резултати и обратно, вежбање без никаков обѕир за начинот на исхраната, со сигурност само ќе ви одземе време и нерви.

Затоа, изборот е ваш!

ПРОТЕИНСКА ДИЕТА

Во организмот се внесува само храна богата со протеини или само готови протеински производи кои се продаваат во аптеките. Од исхраната се исфрлуваат мастите и шеќерите. Со оваа диета се губат маснотиите, а не мускулите, што е случај со другите диети.

Напорна е за организмот бидејќи бубрезите мора повеќе да работат. Се препорачува дополнително земање витамински производи. Се консумираат готови протеински производи во комбинација со зеленчук кој не содржи јаглехидрати. Треба да се пијат најмалку 3 литри вода, за да се исфрлат отпадните материи од организмот.

Мислење на експертите: 

Белковините брзо го задоволуваат гладот, па затоа оваа диета им се препорачува на оние кои сакаат набрзина да ослабат. Но, ако се внесе и најмало количество јаглехидрати или масти, диетата нема ефект.

ХОЛИВУДСКА ДИЕТА

Оваа диета претставува внесување големо количество овошје и зеленчук, особено ананас и папаја. Во текот на денот се јаде само еден вид овошје или зеленчук во неограничено количество, но трипати дневно. Ваквата исхрана смее да се применува само една недела.

Мислење на експертите: 

Неурамнотежен начин на исхрана, не ја применувајте ако имате проблем со цревата. Оваа диета може да ја држите 3 дена, со цел да го исчистите организмот од токсините, затоа што е богата со витамини и прехрамбени влакна.

ВЕГЕТАРИЈАНСКА ДИЕТА

Ова е повеќе начин на исхрана со кој се исфрла месото од исхраната. Постои и подрастичен пристап, при што се исфрлаат сите производи од животинско потекло, како што се млечните производи, рибата и јајцата, а исхраната е богата со мешункасти плодови и житарки.

Пример на дневно мени:

Појадок: млеко или јогурт, овошје, леб со мармалад или мед

Ручек: супа од зеленчук, соја, варен зеленчук

Вечера: мешана салата, тестенини со зеленчук

Овој начин на исхрана превентивно влијае на болестите на срцето и на крвните садови, се препорачува за елиминирање на токсините од организмот, благодарејќи на намаленото количество натриум и големата количина прехрамбени влакна. Не се препорачува на анемични, на деца и адолесценти, жени со обилни менструации. Ако ги исфрлите од исхраната млечните производи, се зголемува опасноста од остеопороза.

Мислење на ескпертите:

Овој начин на исхрана може да предизвика недостаток на витаминот Б12, на белковини и на железо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail