Хонг Kонг: Дизниленд повторно се отвора, затворен беше од јули поради Ковид-19

Hong-Kong-Diznilend-povtorno-se-otvora-zatvoren-beshe-od-juli-poradi-Kovid-19.jpg

Хонг Kонг: Дизниленд повторно се отвора, затворен беше од јули поради Ковид-19

Тематскиот парк Дизниленд во Хонг Конг ќе биде повторно отворен за јавноста в петок, со намален капацитет и дополнителни здравствени мерки.

Во соопштението се вели дека ќе има проверки на температурата, задолжително носење маски, физичко растојание и почесто дезинфицирање. Ќе бидат означени и тн. „точки за сликање“ со ликовите на „Дизни“ на соодветно растојание.

Посетителите ќе мора однапред да прават резервации преку интернет.

Паркот привремено ги затвори своите врати во средината на јули, по засилените владини мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Тоа, околу еден месец по првото повторно отворање.

Властите Хонг Конг минатата недела ги олабавија ограничувањата откако масовната кампања за тестирање за коронавирусот придонесе за понизок број заразени.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail