horor.jpg

Лекар на Тајван пронашол четири живи пчели во око на девојка.

Девојката (28) Хе вадела плевел инсекти и влетале во очи и таму останале да живеат. Офталмологот Чи Тинг бил шокиран кога извлекол 4 милиметри долги инсекти од нејзините очи.

Девојката е отпуштена од болница и чекекува потполно да се опорави. Пчелките привлечени од човечката пот понекогаш слетуваат на луѓето за да се послужат со него. Но, како што покажаа студиите овие инсекти ги пијат и нашите солзи зошто содржат висок процент на белковини.

На девојката додека вадела плевел од гробите на своите роднини инсекти и влетале во левото око. Со оглед на тоа што инцидентот се случил кога задувал ветер, таа мислела дека во око и влетала земја. Меѓутоа неколку часа подоцна, очите толку и биле отечени и болни, поради што морала да побара лекарска помош.

„Не можеше целосно да ги затвори очите. Погледнав низ микроскоп и во нив видв нешто црно што изгледаше како нога на инсектр“, рече Хонг.

„Ја фатив ногата и многу полека извадив еден инсект, а потоа видов уште една нога, па друга па трета. Сите пчелички беа живи“, додаде тој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail