Производителите на компјутери веќе со години со малку успех се обидуваат да го копираат „МекБук Ер“ на „Епл“, па се појавија многу алтернативи со одвоени екрани чувствителни на допир, но ниту еден не стекна популарност како уредот на американската компанија.
Меѓутоа, тоа не важи за лаптопот „Спектра“ на ХП, кој моментано е најтенок на светот.
Освен што е најтенок на светот, „Спектра“ е и еден од најубавите лаптопи кои некогаш се произведени. Користи оперативен систем Винодуз 10, изгледа одлично, а притоа не се загрозени неговите перформанси и портови.
„Спектра“ има алуминиумско куќиште, кое на долниот дел е зајакнато со карбонски влакна. Неговата дебелина е 1,04 сантиметри и потенок е од 11 и 13-инчниот „МекБук Ер“, чија дебелина е 1,72 сантиметри. Потенок е и од поновиот ултратенок „МекБук“ чија дебелина изнесува 1,32 сантиметри.
Лаптопот на ХП тежи 1,11 килограми и е полесен од 13-инчниот МекБук, кој тежи 1,34 килограми.
Лаптопот е тенок и благодарение на уникатните шарки поради кои екранот изгледа како да лебди, а се отвара многу лесно. Поседува три УСБ-Ц портови, влез за слушалки, но не и слот за СД картичка.
Тастатурата е сјајна, како и 13,3-инчниот фул ЈД екран со резолуција од 1.920 на 1.080 пиксели.
Батеријата трае до 9 часа и 45 минути.
Лаптопот може да се добие со шестата генерација на „Интел Кор и5“ процесор по цена од 1.699,99 долари, како и со и7 процесор, за што е потребно да се издвојат 1.249,99 долари.
Двата модела доаѓаат со 8 гигабајти РАМ и 256 гигабајти меморија. Третиот модел има и7 процесор, 8 гигабајти РАМ и 512 гигабајти ССД, а чини 1.449,99 долари.