Мелани Хартхорн покажала неверојатна храброст и успеала да го заврши факултетот на Универзитетот Њукасл, а фотографиите од доделувањето на дипломите покажуваат колку неа тоа навистина и значи.
Никој не верувал дека Хартхорн ќе го заврши факултетот и ќе присуствува на церемонијата за доделување на дипломи.
Хартхорн покажала неверојатна храброст и посветеност и покрај тоа што последниве 2 години, таа не може да ја подигне главата, па е приморана постојано да лежи. Дијагностициранa ѝ e ретка форма на Ehlers-Danlos Syndrome (EDS), поради кој сите нејзини зглобови се дислоцираат особено оние во ’рбетот и вратот, а главата тоне во нејзиното тело.
И покрај 40-те напади кои ги доживува на ден, Хархорн успеа да го заврши факултетот по биологија и гордо, иако во носилка да си ја земе дипломата од завршено високо образование.
Нејзината мајка и тетка со гордост ја носеле носилката, а докторите и дале дозвола да го направат тоа, пишува британски Мирор.
Скромната Хартхорн по церемонијата изјавила: -„Немаше никаква шанси да си дозволам да пропуштам да присуствувам на цермонијата!“
Инаку, таа е прва од својата фамилија која успеала да заврши факултет.