Храна која ќе биде популарна наредната година

coconut.jpg

Како и кај облеката и додатоците, така и кај храната има модни трендови. Барем според компанијата Whole Foods која ги објави своите прогнози за трендови во прехранбената индустрија во следната година.
Листата е на база истражувања на побарувачката на потрошувачите. Еве кои ќе бидат топ производите следната година:

Сé со кокос

Кокосот ќе биде апсолутниот фаворит на корисниците. Ќе се бараат шеќер од кокос, кокосово брашно, кокосов чипс и секакви други работи со состојката.

Храна која е пурпурна

Според Whole Foods виолетовиот карфиол, слатките компири, пурпурниот аспарагус и др. стануваат сé повеќе популарни.

Алтернативна паста

Со цел да се хранат здраво многу корисници избираат паста направена не од бело брашно туку од киноа, наут, дури зеленчук.

Јапонска храна, но не суши

Да, суши е најпознатото јапонско јадење во светот. Но освен него јапонската кујна има и многу други предлози кои во 2017 година ќе добијат своите месеци слава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail