Храна која никако не треба да ја чувате во фрижидер

bab.jpg

Постојат видови на храна кои во никој случај не би требало да ги чувате во фрижидер, еве некои од нив.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Леб

Ако го чувате лебот во фрижидер, тогаш тој многу бргу ќе стане тврд и побргу ќе се расипе.

Лук

Кога го оставате лукот во фрижидер тој ја губи својата арома, но затоа се останато што имате во фрижидерот ќе ви замириса на него.

Компир

Ако компирот го чувате во фрижидер, тој ќе го загуби својот препознатлив вкус, па нема да биде вкусен за јадење.

Домат

Доматите кога се чуваат во фрижидер лесно омекнуваат и губат арома.

Кромид

Ладното од фрижидерот ќе направи кромидот да ја загуби аромата.

Мед

Медот кристализира на ниски температури, што значи дека ќе стане потврд и нема да може повеќе да се растегнува. Ако го чувате во остава, ќе трае подолго и ќе биде помек.

Босилек

Босилекот не поднесува ладно. Чувајте го на работната површина во кујната во свежа вода.

Портокал

Од ладното, кората на портокалите станува груба и тие губат на вкус, затоа подобро е да ги чувате на собна температура.

Кечап

Тој сам по себе содржи доволно конзерванси, па нема потреба да се чува во фрижидер.

Маслиново масло

Ако маслиновото масло го чувате во фрижидер, тоа ќе се згусне и ќе почне да наликува на путер.

Авокадо

Немојте никако да го чувате авокадото во фрижидер, ако сакате да созрее.

Кафе

Кафето ако се чува во фрижидер ќе ја загуби својата арома и ќе ги привлече мирисите од останатите видови на храна кои ги имате во вашиот фрижидер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top