Хрватите храната и телекомуникациите ги плаќаат поскапо од половина Европа

hrvati.jpg

Дури 12 земји членки на ЕУ јадат поевтино од Хрватска. Дополнително е поразително што кај нас дури една третина од платата оди само на храна. Се сеќавате ли на оној оптимистички податок на Еуростат дека од нас, по куповна моќ во Европа, се посиромашни само Бугарите. Не е ни чудно, бидејќи во Хрватска цените се многу високи. Храна и пијалаци, на пример, поевтино ќе ги платите дури во 12 европски земји, вклучувајќи ги Шпанија и Велика Британија.

Според цените за телевизор, компјутери и мобилни телефони сме меѓу три најскапи земји во Европа. А нема да ве утеши ниту фактот дека сметките ги плаќаме 77 отсто поскапо отколку пред 20 години.

Храната премногу скапа

Од 2000-та година до денес храната поскапе за 45 отсто – алкохолот и цигарите за 105 отсто – сметките за 70 отсто – трошоците за здравство 123 отсто. Така покажува најновата анализа на Еуростат.

Храната – за нашиот стандард – е ултра скапа. Ја плаќаме 96,5 отсто од просечните цени во Европа. Дури 12 членки на Унијата јадат поевтино – Од Чесите и Словаците, преку Унгарците, Бугарите, Полјаците особено Романците. Дури и Британците и Шпанците имаат поевтина храна отколку ние. Дополнително е поразувачко тоа што во Хрватска дури третина од платата оди само на храна.

– Хрватска нема доволно производство на храна. Ние сме единствена медитеранска „цена“ која мора да увезува храна која голем дел од храната се троши во туристичката сезона. Хрватското ДДВ на сите преханбени производи до сега беше 25 отсто. Сега се зборува за некои поединечни намалувања, додека прехранбените производи имаат ДДВ под десет отсто, во некои земји и седум отсто, што битно ги намалува трошоците за храна, истакнува економскиот аналитичар Дамир Новотни.

Кога се гледаат вкупните цени, ситуацијата не е така лоша во однос на европскиот процес. Вкупната цена на добрата и услугите се далеку најмногу во Данска, во која достигнуваа дури 141 отсто од просечната европска цена и Луксенбург и Шветска се многу скапи земји. Хрватска се сместила дебело под просекот со 63,7 отсто. За нијанса сме поевтини од Чешка и Словачка, а по се од нас поповолни се Литванија, Унгарија, Полска, Романија а особено Бугарија.

Високи цени на телефонијата

Според цените на мобилни компјутери и телевизори Хрватска е меѓу трите најскапи земји во Европа, а дополнително загрижува тоа што дури 11 европски земји поевтино ја плаќаат комуникацијата. Една од главните причини е недостатокот од вистинска конкуренција, особено во фиксната телефонија.

– Еден оператор има 70 отсто од пазарот, што никако не е добро бидејќи знаеме дека конкуренцијата поттикнува намалување на цените и подобрување на услугите, а од друга страна имаме и големи оптоварувања кон операторите. Државата на многу страни неразумно наплатува, од радиофреквентниот спектар кој е многу скап, над европскиот просек до трошоците за правата на фиксните оператори за минување на каблите низ земјиштето, појаснува Ѓуро Лумбура извршен директор на дигитална Хрватска.

Горивот, облека, обувки…

Облеката и обувките ги плаќаме речиси во цент исто како и просечниот европеец .

– Кога зборуваме за категории на облека и обувки мораме да кажеме дека Хрватска им конкурира на земјите од регионот и дека се труди да формира цена слична на онаа што е надвор за да не си заминуваат купувачите преку гранично пазарење и да оставаат помалку пари во државната каса, вели Томислава Равлиќ директорка на секторот за трговија ХГК.

Трошењето на гориво и возила нас не гушат бидејќи чинат речиси 85 отсто од просекот на Унијата. Тоа е една од главните причини поради која просечниот автомобил во Хрватска е стар 13 години. Добра е веста што за според европските мерила домувањето ни е поевтно. Сметките ни се на пример 42 отсто од европскиот просек.

Вјести.хр

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top