Хрватка во Виена: Eве како се живее во странство со просечна плата

viena.jpg

Миријам(59) од Хрватска како бегалец во 1992 година се преселила во Виена, по што брзо научила германски јазик.

Долги години работела како медицинска сестра, но денес поради болеста мора да живее од социјална помош.

Во 2011 година пропаднала фирмата каде работела, а потоа имала и многу здравствени проблеми.

Иако во пензискиот фонд уплатувала пари 24 години, денес живее од 845 евра.

Оваа социјална помош не е доволна во Австрија за основните трошоци. Кирија чини 527 евра, струја  48 евра, греење 86, осигурување 25, за мобилен 25, за интернет 31 евро. Од парите кои ги добива едвај остануваат 70 евра.

„Го продавам она што што го стекнав изминативе години, дури и накит. Не можам веќе да си дозволам ниту квалитетна храна“ – вели таа.

За година дена треба да добие пензија, а дотогаш може да прима и помалку пари од она што сега го добива.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top