mandarini.jpg

Во Хрватска е објавен оглас во кој се нудат 500 куни дневно за берба на мандарини, пишува Слободна Далмација.

Бербата трае два месеци, а дневницата е 500 куни, пишува во огласот. Ако се исплаќа таа дневница и ако се работи 60 дена, може да се заработат неверојатни 30.000 куни. Треба да се вложи доста труд затоа што за оваа сума се бара да се берат дневно по 50 гајби овошје. Ако секоја гајба има по 20 кг, тоа значи дневно да се наберат 1000 кг. Износот е примамлив, но медиумот коментира дека не е јасно дали работодавецот ќе најде некој кој ќе одговори на ова барање.

За сезонски берачи на јаболка, Нов Зеланд плаќа до 160 евра дневно! Според информациите во неколку странски портали, се шпекулира дека на Нов Зеланд оваа година ќе му недостигаат неколку илјади сезонски работници кои шест дена неделно во две смени ќе собираат и пакуваат јаболка и киви.

Нов Зеланд е голем производител на овошје, особено на јаболка. Меѓутоа, оваа далечна земја секоја година се соочува со недостаток на сезонски работници, па се претпоставува дека истото ќе се случи и оваа година. Компаниите истакнуваат дека се работи напорно, по потреба и подолго од осум часа дневно, па така собирачите се плаќаат по учинок, а дневно може да се заработи до 160 евра.

Во зависност од регионот каде се наоѓаат овоштарниците, бербата започнува од март, а трае до средината на мај. Од таа причина, тамошните овоштари бараат од Владата да одобри увоз на поголем број сезонски работници од целиот свет за тие со помош на туристичка виза да дојдат на работа во Нов Зеланд.

Шансите за вработување се многу поголеми доколку имате возачка дозвола, а пожелно е сезонските работници да знаат барем основно ниво на англиски јазик. Исто така, важно е тие да бидат во добра здравствена состојба.

Во Нов Зеланд, минималната саатница е 15.75 долари така што никој не може да заработи помалку од оваа сума.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail