evra.jpg

Една хрватска компанија нуди еднократна парична награда во висина од 10.000 куни (околу 1.350 евра) за оној кој ќе им препорача добар и вреден работник.

Тие бараат одговорен, возрасен и зрел девелопер со релевантно работно искуство, ситуиран, кој може да ги понуди своите услуги во сложени проекти. Оваа компанија соработува со многу други европски фирми.

Работните места се во Загреб, а работникот избира дали ќе работи од канцелариите на фирмата „Серенгети“ или ќе работи од дома.

Во оваа компанија се развиваат комплексни апликации наменети за странски компании од повеќе области, од програмирање на роботски раце, па сè до логистика.

Поради тоа нив им е потребен стручен кадар. Најпрво ова важело само интерно, односно само за препораки од веќе вработени. Сега важи на територија на цела Хрватска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail