„Huawei“ до крајот на годината би можел да пушти во продажба уште еден паметен телефон во серијата на своите нискобуџетни уреди. Тој ќе се нарекува „Huawei P Smart“ (2019) и ќе има “солза“ на врвот на екранот, налик на моделот на помоќниот „Huawei Mate“ 20.

Уредот ќе има 6,21-инчен „Full HD“ + дисплеј, осум мегапиксели или 16 мегапиксели на предната камера, додека задниот ќе има двојна камера од 13 и два мегапиксели. Срцето на уредот ќе биде „Huinei’s Kirin“ 710, а ќе се напојува со 3 GB RAM и капацитет на батеријата од 3.400mAh.

Оперативниот систем, кој ќе работи на сите потребни апликации, е Android 9 Pie со „Huawei’s EMUI“ 9.0.

За жал, Huawei P Smart (2019) нема да има USB Type-C, туку сега веќе старомодната „microUSB“ порта. Сепак, кинеската компанија ветува дека овој модел ќе има за 22% побрза батерија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail