Хуманитарна забава со млади бендови во МКЦ

hum.gif

Хуманитарна забава со младите бендови „Бона Деа“, „Стринг роуд“ и „Куант“ во Клуб ресторанот МКЦ во Скопје огранизира младинската организација „Луѓе за луѓе“ (ПТПИ).

Целта на хуманитарната забава, како што информираат организаторите, е да им го разубават летниот распуст на сите деца кои го посетуваат Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ во Шуто Оризари.

Од ПТПИ информираат дека сите собрани средства ќе бидат наменети за организирање на летни игри за децата од Центарот кои не можат да си дозволат да одат на летен одмор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail