И годинава субвенции од 300 евра за поставување на сончеви колектори – Еве каде да аплицирате

KOLEKTORI.jpg

Министерството за економија и оваа година ќе субвенционира граѓани за поврат на дел од инвестираните средства за вградување на сончеви колектори во домаќинствата. За субвенционирање на купувачите на сончеви термални колекторски системи се предвидени 6.000.000 денари од државниот Буџет.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Граѓаните треба да купат и да инсталираат ваков уред во домаќинството заклучно со 31. август 2018 година, по што ќе треба да испратат барање за повраток на дел од вложените средства. Ќе се надоместуваат до 30% од инвестираните средства, но не повеќе од 300 евра по домаќинство.

Главен услов за учество на јавниот оглас е граѓанинот да го нема искористено правото на поврат на дел од средства во текот на изминатите десет години. Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“, и тоа до исцрпување на предвидените буџетски средства.

Листата на субвенционирани домаќинства ќе биде објавена најдоцна до 31 октомври 2018 година.

Целиот оглас можете да го видите ТУКА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top