И Македонци жртви на скандалот со „Кембриџ аналитика“?

cuke.jpg

Facebook CEO Mark Zuckerberg arrives to testify before a joint hearing of the Commerce and Judiciary Committees on Capitol Hill in Washington, Tuesday, April 10, 2018, about the use of Facebook data to target American voters in the 2016 election. (AP Photo/Pablo Martinez Monsivais)

Дирекцијата за заштита на лични податоци се обратила до “Фејсбук“ со официјално барање да добие информации дали има злоупотребени лични податоци на граѓани од Македонија во скандалот со “Фејсбук” и “Кембриџ аналитика”, но одговор од “Фејсбук“ се уште немаат добиено. Генералниот секретар на ДЗЛП Игор Кузевски истакна дека досега ниту еден граѓанин не се пожалил за злоупотребени профили на македонски граѓани, иако секојдневно примаат преставки од граѓани поврзани со социјалните мрежи конкретно “Фејсбук”, “Инстаграм” итн.

– Без разлика дали на граѓаните им се злоупотребени личните податоци или не, прв совет е тие како превенција да направат промена на своите лозинки на своите фејсбук профили. Овој скандал може да го врземе со два пристапа, едниот е улогата на државата во сегментот на заштита на лични податоци и вториот, што за мене е поважен, е улогата на самите граѓани во однос на нивната приватност. Тие сами со своето поведение довеле или доведуваат да бидат жртви на сајбер-криминал поврзан со социјални мрежи, потенцира Кузевски за МИА.

Исто така, од ДЗЛП потенцираат дека граѓаните треба да ги користат алатките за приватност што ги нуди социјалната мрежа Фејсбук, но и оти повеќе информации и насоки за користење на социјалните мрежи може да најдат на веб-страницата www.deleteme.mk.

Од почетокот на годината до дирекцијата се поднесени вкупно 86 преставки за “Фејсбук”, “Инстаграм” и “Јутјуб”, од кои 48 биле за лажни профили на “Фејсбук” или на “Инстаграм”, 37 за хакирани, а едно е за лажно видео поставено на “Јутјуб”.

Кузевски потенцира дека ДЗЛП, како и повеќето органи за заштита на лични податоци од земјите во Европската унија, со официјален допис се обратила до административниот тим на “Фејсбук” со барање на одговор дали и колку граѓани се афектирани директно или индиректно со скандалот со “Фејсбук” и “Кембриџ аналитика”.

– Барањето е испратено веднаш по избивањето на скандалот по електронски пат на официјалната е-маил адресата за комуникација која што Дирекцијата ја има воспоставено со административниот тим на “Фејсбук#. До овој момент немаме добиено никаков одговор, ниту позитивен, ниту негативен, рече Кузевски.

Во случај ДЗЛП да не добие одговор од “Фејсбук”, генералниот секретар на Дирекцијата вели дека ќе се искористи алатката за меѓусебна комуникација на ниво на ЕУ во која што Македонија е вклучена како земја-кандидат за членство.

– Ќе го изложиме прашањето или проблемот како таков дека не сме добиле одговор во разумно време. Ќе прашаме дали другите земји добиле одговор. На база на искуства ако некаде е добиен одговор, тогаш ќе доставиме уште едно барање. Доколку, пак, ниту една од земјите не добие одговор, во тој случај веројатно ќе се договориме заеднички како земји и како органи за заштита на лични податоци да се обратиме заеднички, рече Кузевски.

Извор: миа

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top