И официјално ќе се оди на Марс

mars.jpg

Човештвото било фасцинирано со Марс уште многу пред да зачекориме на Месечината. Нашиот планетарен сосед бил тема на неброени научно-фантастични дела, а сега, по декадите посветеност, истражување и научни достигнувања, конечно сме спремни да го преземеме и тој чекор – да испратиме луѓе на Марс.

На 21-ви март, претседателот на САД, Трамп, издаде мандат на NASA да однесе луѓе на Марс до 2033-та. Една недела подоцна, NASA на тоа одговори со досега најдеталниот план за стигнување до црвената планета, објаснувајќи ги 5-те фази кои ќе бидат потребни да се поминат.

Моментално сме во Фаза 0, правејќи тестови на Интернационалната Вселенска Станица (ISS) и развивајќи партнерства со приватни вселенски компании.

Фазата 1 ќе трае од 2018 до 2025 и ќе вклучува лансирање и тестирање на 6 SLS ракети, кои ќе испорачуваат компоненти за DSG (Deep Space Gateway/ Портал кон длабоката вселена), нова вселенска станица која ќе биде изградена во близина на Месечината и која ќе служи како попатна станица на астронаутите чија дестинација ќе биде Марс.

Во Фазата 2 ќе се лансира DST (Deep Space Transport / транспорт кон длабоката вселена), цевка која ќе се приклучи на DSG станицата во 2027-ма, каде што до 2029-та астронаути ќе живеат во неа повеќе од 400 дена.

Во 2030-та ќе започне Фазата 3 каде што DST ќе се опреми со материјали , и екипажот кој ќе патува кон Марс со SLS ракета.

Фазата 4 ќе биде самиот пат во 2033.
Тоа значи дека од постигнување на оваа цел не делат (само) 16 години. Комплетирањето на мисијава во склоп на буџетот на NASA ќе биде вистински предизвик.

Нивниот буџет моментално изнесува 0.5% од комплетниот буџет на САД, а колку за споредба, за време на Аполо мисиите кон Месечината тој изнесувал повеќе од 4%.

Мисијата кон Марс вклучува пречки и вон буџетот – одржување на здравјето на астронаутите е една од најголемите. Без запирање помеѓу Земјата и Марс, астронаутите за време на 2 до 3 годишниот повратен пат ќе мораат меѓусебно да делат буквално сè, вклучувајќи ја водата, храната и воздухот.

Менталното здравје ќе биде голема грижа за овие астронаути, бидејќи тие практично ќе бидат затворени во цевка која патува низ вселената по 4 години, без никаква можност за итно враќање назад штом го напуштат просторот околу Месечината.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail